• недела, 12 мај 2024

Дел од „Илинденска“ утре со посебен сообраќаен режим поради „Женска трка 2023“

Дел од „Илинденска“ утре со посебен сообраќаен режим поради „Женска трка 2023“

Скопје, 8 април 2023 (МИА) - Посебен режим во сообраќајот на булеварот „Илинден“ утре (недела, 9 април 2023) со почеток во 10 часот поради одржување на улична трка на три километри насловена како “Женска трка 2023“ во организација на Сојуз на спортови на Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Како што информираат од МВР, единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот

- Трката ќе се одвива по следната траса - од бул.„Илинден“ пред фонтана Лотус (старт и цел) до крстосницата со бул.„8 Септември“ каде се врти полукружно назад по булевар “Илинден“ до целта кај фонтана Лотус, велат од МВР. сх/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан