• понеделник, 22 јули 2024

Дел од возилата на ЈСП в недела ќе сообраќаат со изменет режим поради „Виз ер Скопски маратон“

Дел од возилата на ЈСП в недела ќе сообраќаат со изменет режим поради „Виз ер Скопски маратон“
Скопје, 30 септември 2022 (МИА) - В недела (2 октомври), во период од 7 до 13:30 часот поради одржување на „Виз ер Скопски маратон 2022“, дел од возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот, а дел воопшто нема да се вклучат во сообраќај, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Од 7 до 13:30 часот нема да сообраќаат линиите 4, 4А, 22А, 24, 25Б и 59Б. Во период од 8 до 9 часот нема да сообраќаат линиите 9, 16, 23, 25, 27, 50, 50А и 57, информираат од ЈСП Скопје. рп/са/

Остани поврзан