„Делфинот“ на Александар Прокопиев објабена на бугарски
- Софиско книгоиздателство „Books4All“ („Книги за сите“) ја издаде книгата раскази „Делфинот (приказни за видливото и невидливото)“ на македонскиот автор Александар Прокопиев. Преводот на бугарски е на Деница Проданова, инвентивното решение на корицата на Стефан Пламенов.
Скопје, 6 октомври 2023 (МИА) - Софиско книгоиздателство „Books4All“ („Книги за сите“) ја издаде книгата раскази „Делфинот (приказни за видливото и невидливото)“ на македонскиот автор Александар Прокопиев. Преводот на бугарски е на Деница Проданова, инвентивното решение на корицата на Стефан Пламенов.
- Во препораката до бугарскиот читател на „Делфинот“ се вели: „Мајстор на прозата, Александар Прокопиев умее да раскажува приказни што вовлекуваат во интригата, возбудуваат со своите емоции и на крај, но не и помалку важно – долго остануваат во вашите мисли“, известуваат од издавачката куќа „Прозарт медиа“
Претходната книга на Прокопиев преведена на бугарски „Човечулец“, беше под покровителство на истото книгоиздателство што го води издавачот, книжевниот истражувач и критичар Пламен Тотев.
„Човечулец“ беше претставена за време на меѓународната ноќ на литературата во Софија, како и во Македонскиот културен центар. ир/са/
Фото: Издавачка куќа „Прозарт медиа“