• понеделник, 23 декември 2024

Дело на Ван Гог продадено за над 4,5 милиони евра

Дело на Ван Гог продадено за над 4,5 милиони евра

Мастрихт, 11 март 2024 (МИА) - Сликата со наслов „Портрет на селанка со бела шапка“ на холандскиот уметник Винсент ван Гог е продадена на Годишниот саем за уметност и антиквитети ТЕФАФ во Мастрихт, Холандија, за повеќе од 4,5 милиони евра.

Платното со димензии 63 x 48 цм е насликано околу 1884 година, додека уметникот престојувал во куќата на неговото семејство во селото Нуенен. Овој период се смета за пресвртница во делото на Ван Гог.  Автентичноста на сликата е потврдена од музејот „Ван Гог“ во Амстердам.

Овој период се смета за пресвртница во делото на Ван Гог.  Автентичноста на сликата е потврдена од музејот „Ван Гог“ во Амстердам.

Сликата беше ставена на продажба од американската галерија „МС Рау“ од Њу Орлеанс.

Новиот сопственик платил 4,57 милиони евра. Тој всушност, поседува приватен музеј надвор од Европа, објави холандскиот ТВ-канал „НОС“.  си/сд/

Фото: „МС Рау“

Остани поврзан