• петок, 20 декември 2024

Делегација на Еврокомисијата на Светскиот економски форум во Давос 

Делегација на Еврокомисијата на Светскиот економски форум во Давос 

Брисел, 15 јануари 2024 (МИА) – Делегација на Европската комисија предводена од нејзината претседателка Урсула фон дер Лајен оваа недела ќе престојува во швајцарскиот град Давос каде ќе учествува на Светскиот економски форум. 

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во состав на делегацијата на ЕУ ќе бидат извршните потпретседатели на Еврокомисијата за економија во интерес на луѓето и за Европскиот зелен договор и меѓу институционални односи, Валдис Домбровскис и Марош Шефчович, потпретседателките на ЕК, Вера Јоурова и Дубравка Шуица и еврокомесарите за економија Паоло Џентилони, за здравство и безбедност на храната Стела Киријакидес, за енергија Кадри Симсон, за иновации, истражување, култура, образование и млади Илијана Иванова и за климатска акција Вопке Хукстра. 

Според најавите, утре Фон дер Лајен ќе се обрати на отворањето на Форумот, додека останатите членови на Европската комисија за време на деновите на одржување на собирот ќе учествуваат на панели и конференции поврзани со нивните ресори, како оние за соработка во забрзувањето на климатските активности, за екосистемите за енергетски иновации, за иновации, за тргувањето со круцијалните суровини, за глобалната здравствена состојба, за развојот на технолошките информации и комуникации и за регулирање на сферата на вештачката интелигенција. сп/јт/ 

Фото: МИА Архива 

Остани поврзан