• сабота, 23 ноември 2024

Дезинсекција против крлежи во Куманово

Дезинсекција против крлежи во Куманово
Куманово, 26 април 2021 (МИА) - Куманово ќе спроведе дезинсекција против крлежи, најавија денеска од општината. Дезинскецијата ќе се спроведе на 27 и 28 април, вторник и среда, од 05:30 до 08:00 часот на подрачјето на градот. Дезинсекцијата ќе биде спроведена на јавните зелени и цветни површини во градот, со акцент на зеленилото покрај градскиот кеј, јавните институции и установи, плоштадот и градските паркови. Третираните површини ќе бидат видно одбележани и не се препорачува подолг престој на површините како за луѓе така и за животни, особено непосредно по извршувањето на третманот. - Целта на овој третман е спречување на ширење на заразни болести каде како вектори се јавуваат истите. Доколку, временските услови не дозволат да се спроведе дезинсекцијата, тогаш истата ќе биде одложена за наредниот ден, соопштија од општината. По претходно објавен тендер, општина Куманово склучи договор со избраната фирма „Плант Медика“ за 1.180.000 денари која оваа година ќе ги извршува услугите за запрашувања против инсекти, дезинсекција, дератизација, против крлежи, лебарки и комарци на подрачјето на Куманово. Третманите се спроведуваат во неколку наврати годишно. Со посебен тендер се врши и авионска дезинсекција.ам/бт/

Остани поврзан