Девојка ги истетовира очите на Ердоган на своето чело
- Млада Турчинка ги истетовира очите на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на своето чело - за да покаже колку го сака.

Анкара, 17 февруари 2025 (МИА) - Млада Турчинка ги истетовира очите на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на своето чело - за да покаже колку го сака.
Овој потег стана хит на Инстаграм и интернет-просторот. На челото на младата жена, под сликата со неговите очи, со сина боја е испишано и името на првиот човек на Турција: Реџеп Тајип Ердоган. си/ссм/
Фото: Инстаграм