• среда, 07 август 2024

Девет стихозбирки во поширок избор за наградата „Антево перо“

Девет стихозбирки во поширок избор за наградата „Антево перо“
Скопје, 21 септември 2022 (МИА) - Жири комисијата на Конкурсот за петтото доделување на наградата „Антево перо“, во рамки на меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски - Антево перо“, по разгледување и анализирање на пристигнатите збирки издвои девет стихозбирки кои се во поширок избор за добивање на наградата. - Организацискиот одбор на меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски - Антево перо“ изразува голема и искрена благодарност до сите учесници на Конкурсот за петтото доделување на наградата „Антево перо“, за најдобра необјавена стихозбирка на македонски јазик. Како што веќе беше објавено, на Конкурсот пристигнаа 76 поетски збирки од автори од Северна Македонија, Австралија, Хрватска, Австрија, Шведска и Словенија, информираат организаторите. Меѓу деветте номинирани се Ана Пејчинова „Вонземно море“, Славица Гаџовска Свидерска „Golgotha Feminarum“, Јулијана Младеновска Тешија „Куќа“, Шифра Имануел „Умоверзум“, Ана Бунтеска „Остави го светлото“, Тања Павлеска „Созборка“, Кирил Ангелов „Онаму, каде молњите удираат“, Виолета Танчева Златева „Глуво време“ и Симун Лешоски „Песни“. Додека за наградата „Антев часовник“, која се доделува на млад автор за поетско творештво на македонски јазик со забележителни поетски квалитети, издвоени се пет збирки поезија. Меѓу младите автори номинирани се Софија Тодороска „Контури“, Матеја Талеска „Булевар на соништата“, Душко Двојаковски „Земја на зумбули“, Матеја Богдан „Посветено“ и Рената Пенчова „Точки во бескрајот“. И во овој случај, редоследот на номинираните нема вредносно значење. Организаторите информираат дека на следната средба Жири комисијата ќе го стесни изборот за наградите. сх/мс/

Остани поврзан