• понеделник, 02 март 2026

Девет лица загинаа во иранскиот ракетен напад во Беит Шемеш

Девет лица загинаа во иранскиот ракетен напад во Беит Шемеш

Ерусалим, 1 март 2026 (МИА) - Девет лица во Израел се убиени од удар на иранска балистичка ракета во Беит Шемеш, соопшти амбулантната служба „Маген Дејвид Адом“.

Службите за итни случаи и спасување се во Беит Шемеш, каде што иранска ракета погоди станбена населба, според медицинските служби.

Службениците велат дека зграда каде што се криеле луѓе била погодена и се срушила. Во тек е операција за пребарување на луѓе за кои се стравува дека се под урнатините.

Има купишта скршен бетон и извиткан метал, како и огромен кратер што ја означува точката на ударот.

Автомобилите што биле паркирани во близина биле целосно уништени.

Ова е најсмртоносниот напад во Израел досега во оваа војна.

Според израелската војска, системот за рано предупредување што ги известува луѓето за дојдовни ракети функционирал како што е планирано и бил активиран во оваа област.

Војската соопшти дека околностите на ударот се во фаза на разгледување. мс/

фото: Принтскрин

Остани поврзан