• недела, 19 мај 2024

Деветта меѓународна конференција на ЗПРМ

Деветта меѓународна конференција на ЗПРМ
Скопје, 19 ноември 2021 (МИА) - Деветтата годишна меѓународна конференција на Здружението на преведувачи и толкувачи (ЗПРМ) денеска ќе се одржи виртуелно на платформата „Зум“. Темата на конференцијата е „ИСО Стандарди за превод и толкување – Опција или обврска?“
На конференцијата ќе се обратат претседателката на ЗПРМ Ана Попова Манасиевска, раководителот на одделението за општа стандардизација, Институт за стандардизација (ИСРСМ) Горан Плетварски, претседавачот на Работната група за превод при Техничкиот комитет 37 за јазици и терминологија на ИСО, поткомитет 5, Хулио Монтеро...
ЗПРМ е македонското здружение на преведувачи и толкувачи, основано во декември 2010 година, од десет истакнати хонорарни преведувачи и толкувачи и професори. Секоја година Здружението организира годишна конференција. мд/са/
 

Остани поврзан