• сабота, 23 ноември 2024

Дебата „Дали ни е потребна медиумска диета?“

Дебата „Дали ни е потребна медиумска диета?“

Скопје, 30 октомври 2020 (МИА) - Во рамки на Деновите на медиумска писменост, во организација на Институтот за комуникациски студии (ИКС) денеска ќе се одржи дискусија на тема „Дали ни е потребна медиумска диета?“.

На настанот, информираат организаторите, меѓу другото ќе се дебатира за што најмногу младите го користат интернетот, како да се зачува менталното здравје во дигиталната ера, а ќе бидат презентирани и наодите од последното истражување на ИКС за навиките на корисниците на социјални мрежи.

Најавено е обраќање на Васка Митова, специјалист психијатар од Универзитетската клиника за психијатријаАна Попризова, училишен психолог, Стефан Митиќ, студент и учесник на социјалниот експеримент на ИКС „Дигитална детоксикација“ и Рамизе Рамадани, ученичка во средното медицинско училиште „Гостивар“Модератор на дебатата ќе биде Александра Теменугова од Институтот за комуникациски студии. фф/бак/

Остани поврзан