• недела, 22 декември 2024

Движење БЕСА: Корупцијата и злоупотребата на судството е вистинското лице на власта

Движење БЕСА: Корупцијата и злоупотребата на судството е вистинското лице на власта

Скопје, 31 јануари 2024

Корупцијата и злоупотребата на судството е вистинското лице на власта предводена од ДУИ и СДСМ.

ДУИ И СДСМ се обидуваат да ги измамат граѓаните со маската за таканаречениот „Европски фронт“.

Но,меѓународните институции секојдневно реферираат и реагираат за вистинското лице на оваа власт со разоткривањето и потенцирањето на корупцијата во државава.

Во тој контекст се и имињата во црната листа на САД, која се уште не е затворена.

Исто така, извештајот на „Транспаренс Интернешнл“ е нов удар за ДУИ и нејзиниот партнер СДСМ.

Замислете, при рангирањето во Индексот за перцепција на корупцијата, Македонија е на 76 место, заедно со Молдавија, Тринидад-Тобаго и Буркина Фасо.

Истата организација појаснува дека пратениците од власта и помагаат на Владата во стимулирање на корупцијата, потенцирајќи ги измените во Кривичниот законик, направени минатата година, со кои се намалува времето на застареност на судските предмети.

Накратко, ова е ДУИ, ова е СДСМ и ова е власт што нема да се памети по грижата за граѓаните,инвестиции во инфраструктурата, во образованието, во економскиот развој.

Оваа влада ќе остане запаметена во историјата како влада на криминалот и корупцијата.

Но, крајот е тука, маските се паднати и затоа граѓаните со својот глас, ДУИ и СДСМ ќе ги казнат на осми мај.

 

Хасим Муртезани – Движење Беса

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан