• петок, 22 ноември 2024

Движењето „Ние-гласот на народот“ нема да го поддржи формирање власт во Белград, Шапиќ ќе го чека Несторовиќ до 1 март или на 20 мај ќе има нови избори

Движењето „Ние-гласот на народот“ нема да го поддржи формирање власт во Белград, Шапиќ ќе го чека Несторовиќ до 1 март или на 20 мај ќе има нови избори

Белград, 22 февруари 2024 (МИА) - По расколот во Движењето „Ние-гласот на народот“ и кавгите со Бранимир Несторовиќ, дел од основачите на движењето „Ние – гласот на народот“ најавија дека нема да поддржат формирање власт во Белград и дека остануваат на ставот дека е неопходно да се оди на нови избори. Несторовиќ најви формирање на нова партија, додека досегашниот градоначалник Александар Шапиќ од СНС порача дека ќе го чека Несторовиќ до 1 март да се одлучи и ако нема мнозинство ќе има нови избори во Белград до 20 мај, јави дописникот на МИА од Белград.

Членовите на движењето „Ние - гласот на народот“ денеска одржаа прес-конференција откако Бранимир Несторовиќ и Александар Павиќ го напуштија движењето и изјавија дека имало „обид“ за растурање на движењето, но дека немало раскол бидејќи пет оснивачи останале членови на движењето.

Еден од основачите на движењето Бранко Павловиќ изјави дека нивните двајца советници (без Несторовиќ и Павиќ) сигурно ќе останат на истите позиции и нема да ја поддржат актуелната власт.

-Последиците од политичкото уништување на движењето „Ние-Глас од народот“ се стопроцентни во корист на Вучиќ, без разлика дали тоа била намерата или не, тоа им оди на душа на тие што го напуштија движењето, рече Павловиќ.

Кога станува збор за тоа колку пратеници ќе има движењето сега во Народното собрание, Павловиќ рече дека тие ќе имаат седум или осум пратеници бидејќи допрва треба да разговараат со еден колега. Кога се во прашање одборниците во Собраието на Белград, распределбата е „два наши, Несторовиќ и Павиќ и два кои веќе се договорија со СНС“.

Бранимир Несторовиќ денеска најави дека ќе основа ново политичко движење, откако ја напушти „Ние -гласот на народот“. Како што наведе во соопштението, движењето ќе се вика „Вистинските Ние“.

- Без предавање и без повлекување! НИЕ сме решени да останеме апсолутно доследни на нашите принципи, на нашите гласачи, како и на сите наши напори за одбрана на Србија од секакво зло, се наведува во соопштението на новото движење.

Досегашниот градоначалник на Белград кој воедно е и кандидат за тоа место на владеачката СНС, Александар Шапиќ, денеска изјави дека ќе почека уште девет дена за одлуката на пратеникот Бранимир Несторовиќ да види дали има простор за договор и дека ако бидат принудени и немаат мнозинство, ќе одат на нови белградски избори.

-Поради легитимитетот и желбата да го водиме Белград во следните четири години, сепак остануваме на фактот дека ќе го чекаме Несторовиќ, бидејќи мислиме дека тој е единствениот кој има легитимитет, изјави Шапиќ за ТВ Хепи.

Тој додаде дека ќе му биде жал доколку Несторовиќ за девет дена смета дека нема простор за договор, бидејќи ќе се изгуби драгоцено време за се што ја очекува Србија во наредниот период, а тоа се, како што рече, големи работи.

Шапиќ изјави дека доколку бидат принудени и немаат мнозинство, ќе учествуваат на нови белградски избори, кои доколку бидат распишани, би се одржале до 20 мај годинава и дека по изборите во Белград, доколку се одржат, ќе се организираат и локални избори. об/сд/

Остани поврзан