• недела, 22 декември 2024

Движењето Беса со централен митинг во Слатино, Општина Теарце

Движењето Беса со централен митинг во Слатино, Општина Теарце

Тетово, 11 октомври 2021 (МИА)Кандидатот на Движењето Беса за градоначалник на Општина Теарце, Даут Мемиши во својот говор пред жителите порача дека прв човек на општината ќе биде посветен да има почиста општина, без отпад, со квалитетни административни услуги и потполна транспарентност.

Тој посочи дека ќе иницира реактивирање на фудбалските клубови во регионот, отворањето на Центар за култура, развојот на земјоделството и отворање на подрачна единица на Министерството за земјоделство во Општина Теарце.

-Со нашето доаѓање на чело на Општината, ќе бидеме посветени на општина за сите граѓани, бидејќи пред се на оваа институција и треба ослободување. Јас не ветувам многу затоа што ни ветија три мандати и не остварија ништо, јас можам да ви ветам само едно: Чистота ќе преовладее во сите села на ова општина, ќе има квалитетна услуга во општинската администрација и транспарентност пред сите граѓани. Ттие што се обидуваат да копираат, не само програмата, но и нашата иницијатива им кажуваме дека копијата секогаш останува потемна од оригиналот. За нивните интереси, тие се грижеа само да ги развијат своите приватни бизниси. Го занемарија Слатино, но и другите села, не затоа што не можеа да направат нешто, туку затоа што не сакаа, затоа што се грижеа само за сопствените интереси, се грижеа само за развивање на нивните приватни бизниси, рече Мемиши.

Во својот говор пред присутните, носителот на листата на кандидати за советници на општината, Ахмет Зибери рече дека со доаѓањето на Движењето Беса на чело на Општина Теарце веднаш ќе почне да се опоравуваат сите сфери на општествениот живот , како и во изминатиот период во оваа општина речиси ништо не беше преземено во оваа општина.

-Нашата цел на овие избори не е да ги разубавиме социјалните мрежи, туку да го разубавиме местото каде што живееме, најголемата радост на победата нема да биде на 17 октомври туку тогаш кога ќе ги решиме проблемите на нашата општина, истакна Зибери.

Присутни беа и претседателот на Движењето Беса и кандидат за градоначалник на Општина Тетово, Билал Касами, шефот на изборниот штаб и генерален секретар на Движењето Беса, Аријанит Хоџа, организациониот секретар, Аднан Азизи, заменик претседателот на Движењето Беса, Абдуш Демири како и многу партиски функционери од овој политички субјект. ас/бк/

Остани поврзан