• петок, 22 ноември 2024

Две седници на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците

Две седници на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците
Скопје, 22 февруари 2021 (МИА) - Во Собранието на Република Северна Македонија денеска се најавени две седници на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. На дневен ред на седниците се повеќе годишни извештаи за работата на институциите, обвинителството, ДКСК и други. На дневен ред се годишните извештаи на Дирекцијата за заштита на личните податоци за 2019 година, за работата на јавните обвинителства на Република Северна Македонија во 2019 година, за работата на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија за 2019 година, како и посебен извештај на Државната комисија за спречување на корупцијата за утврдените злоупотреби во финансирањето на изборната кампања Предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија - 2020. Комисијата ќе ја продолжи веќе започнатата 11. седница, на која на дневен ред се Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025, годишните извештаи за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2019,  на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во 2019 годинана Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер во 2019 година, на Инспекцискиот совет за 2019 година и на Агенцијата за администрација за 2019 година. ев/лв/

Остани поврзан