• среда, 25 декември 2024

Две награди за анасамблот на Прилепскиот театар на „Денови на комедијата“ во Куманово

Две награди за анасамблот на Прилепскиот театар на „Денови на комедијата“ во Куманово

Прилеп, 17 октомври 2022 (МИА) - Театарот „Војдан Чернодрински“ - Прилеп освои две награди на 25. фестивал „Денови на комедијата“ во Куманово, за најдобар актер и за најдобра сценографија.

Наградата за најдобар актер му припадна на Димитар Ѓорѓиевски за улогата на слугата Пеце во претставата „Да инспекторе, претстава со грешки“, а за најдобра сценографија е наградена Илина Ангеловска, за сценографија во претставата „Да инспекторе, претстава со грешки“. Одлуката за наградите ја донесе жирито на „Денови на комедијата - Куманово 2022“ во состав: претседател - Магдалена Ризова Черних (актерка) и членови на жирито: Драгана Таневска (режисерка), Илија Струмениковски (актер), Петар Андоновски (писател) и Крсто Богојевски (сценограф).

За добитниците наградите се значајни. Димитар Ѓорѓиевски вели дека ова му е прва поголема награда за актерска игра.

 -Кумановци се луѓе со неверојатна смисла за хумор и чувство за комедија, така што наградата таму, на Фестивалот за комедија, има поголемо значење. За да бидат работите поинтересни, јас во оваа претстава влетав на двапати. Еднаш пред премиерата, во улогата на Јосе и сега вторпат на фестивалот, во улогата на Пеце (на местото на Катерина Чакмакоска – Клинческа). Благодарност до сите кои го препознаа трудот, кои помогнаа да се случи и кои веруваа во мене, изјави актерот Ѓорѓиевски.

Претставата  „Да инспекторе, претстава со грешки“ во режија на Синишта Ефтимов од премиерата досега е одиграна повеќе од 15 пати, а следната изведба е планирана за 21 овој месец. ем/мд/

 

Остани поврзан