• недела, 22 декември 2024

Две млади лица од Охрид смртно настрадаа во сообраќајка кај Ресен

Две млади лица од Охрид смртно настрадаа во сообраќајка кај Ресен
Охрид, 11 март 2021 (МИА) – Две млади лица од Охрид загинаа во сообраќајна несреќа што денеска се случи на магистралниот патен правец Ресен – Битола, кај месноста Макази. Според првичните информации од полицијата, несреќата се случила околу 13:40 часот на излезот од Ресен во насока кон Битола, кога дошло до директен судар на патничко возило „мерцедес“ со охридски регистерски таблички и товарно возило „волво“. Во сударот, на самото место на повредите им подлегнале Д. К. и Ј. К. од Охрид, кои биле во автомобилот. На местото на несреќата извршен е увид кој треба да ги расветли причините за трагичниот настан. аб/ар/

Остани поврзан