• петок, 05 декември 2025

Две лица полесно повредени во сообраќајка со повеќе возила на Партизанска

Две лица полесно повредени во сообраќајка со повеќе возила на Партизанска

Скопје, 8 март 2025 (МИА) - Две лица се полесно повредени во сообраќајна несреќа во која учествувале повеќе возила синоќа околу полноќ на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Шеф на смена во Брза помош - Скопје, доктор Драган Панов потврди за МИА дека во директен судир со комбе на Брза помош од приватна болница, две лица биле полесно повредени.

Повредените се пренесени во Ургентниот центар за понатамошен третман и опсервација. бд/ев/

ФОТО: МИА

 

Остани поврзан