• петок, 22 ноември 2024

Две компании од Северна Македонија на ранг листата „ЈИЕ ТОП 100“ во Југоисточна Европа

Две компании од Северна Македонија на ранг листата „ЈИЕ ТОП 100“ во Југоисточна Европа

Скопје, 24 октомври 2023 (МИА) - Две компании од Северна Македонија се најдоа на ранг листата „ЈИЕ ТОП 100“ на најголеми компании во Југоисточна Европа во 2022 година, објавена денес од „СиЊуз“ (SeeNews).

Хемиската компанија „Џонсон Мети“ е рангирана на 30. место со вкупни приходи од 2,5 милијарди евра, пораст од 19 отсто во однос на претходната година. На листата се најде и рафинеријата „Окта“, која е на 99. место.

„ЈИЕ ТОП 100“ ги рангира најголемите компании во Југоисточна Европа според вкупни приходи за фискалната година која заврши на 31 декември 2022. Публикацијата вклучува и ранг листи на најголемите банки и најголемите осигурителни компании во регионот.

-Покрај геополитичките турбуленции, високата инфлација и намалената побарувачка, најголемите компании во Југоисточна Европа имаа двоцифрен раст во приходите и профитот во 2022, покажува рангирањето „ЈИЕ ТОП 100“.

Најголемите 100 компании во Југоисточна Европа ја завршија 2022 година со вкупни приходи од 223,9 милијарди евра, зголемување за рекордни 46 отсто во споредба со приходите на рангираните компании една година порано. Растот на профитот е уште позабележителен, 63 отсто, на вкупни 10,3 милијарди евра. Границата за рангирање, исто така, значително се зголеми во 2022 година, на 975,6 милиони евра од 699 милиони евра претходната година и е двојно поголема во споредба со 2012 година, прнесува „СиЊуз“.лв/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан