• среда, 27 ноември 2024

Две жртви во невремето Денис во Велика Британија

Две жртви во невремето Денис во Велика Британија
Лондон, 16 февруари 2020 (МИА) - Најмалку две лица загинаа, а десетици илјади се соочуваат со хаосот што го предизвика невремето Денис во Велика Британија, поради кое се откажани стотици летови. Едно 18-годишно момче се удавило во морето во покраината Кент, а друг паднал од бродот од резервоар за гориво во близина на пристаништето Маргејт, јави „Дејли Меил“. Скоро 50.000 патници чекаат на аеродромите откако компанијата ИзиЏет откажа 234 летови, а уште 60 денеска ќе бидат приземјени. Издадени се осум предупредувања поради временски неприлики, вклучувајќи и опасност по живот, откако се регистрирани ветрови од 140 километри на час и врнежи од дожд до 15 сантиметри. Во десетина градови кои сè уште ја санираат штетата предизвикана од минатонеделното невреме Кјара, ангажирана е армијата за да ја засили одбраната од поплави. Експертите предупредуваат дека невремето викендов ќе предизвика нови поплави. јт/

Остани поврзан