• петок, 22 ноември 2024

Две жени од Штип заразени со британскиот сој на коронавирусот

Две жени од Штип заразени со британскиот сој на коронавирусот
Штип, 11 Февруари 2021 (МИА) - Штипјанка на возраст од над 70 години е првиот пациент со британскиот сој на коронавирусот на Инфективното одделение во Штип. Началникот на Ковид центарот, Дијана Шишкова за МИА вели дека пациентката е со средна тешка клиничка слика и веднаш откако пред неколку денови биле информирани од страна на Центарот за јавно здравје по анализите на МАНУ е изолирана во друга соба. Инаку пациентката на ова одделение се лекува веќе пет дена и е на кислородна поддршка. Од штипскиот Центар за јавно здравје потврдуваат дека вчера биле информирани и за втор случај во Штип, кој е заразен со британскиот сој на коронавирусот. Се прават анкетите, со цел да се утврди од каде пристигнал мутираниот вирус, дали од странство или при конктакт со некој близок во земјава. На штипското Инфективно одделение од почетокот на годината бележат пад на бројот на хоспитализирани пациенти, во текот на денешниот ден имаат 29. Според инфектолозите забележително е дека деновиве повеќе од пациентите на кои им е потребно болничко лекување доаѓаат од Делчево и Пробиштип. вдј/ки/

Остани поврзан