• петок, 22 ноември 2024

Две години од историскиот олимписки медал на МОИ на Весели

Две години од историскиот олимписки медал на МОИ на Весели
Скопје, 17 октомври 2020 (МИА) - Точно пред две години во Буенос Аирес, Аргентина, Фахик Весели освои бронзен медал на Младинските олимписки игри и го постигна најголемиот успех во историјата на младинскиот спорт. Неговиот бронзен медал во категорија -61 кг е прв во историјата на настапите на македонските млади спортисти на Младинска олимпијада, стои во соопштението на КФМ. Предводен од селекторот Александар Кузмановски, кој е и негов клупски тренер уште од најмала возраст, Фаик најпрвин избори норма за Буенос Аирес, како европски јуниорски вицешампион и второрангиран на светската ранг листа на WKF и тоа во две тежински категории. Во Буенос Аирес имаше место само за најдобрите осум во светот, а таму Фаик беше единствен претставник од европскиот континент. Успеа да постигне две победи, против Тело од Аргентина со 6-0 и Хамад од Јордан со 2-1 и загуби од Ал Асири од Саудиска Арабија со 1-4. Во меч за пласман во финалето при 0-0 со Јамаока од Јапонија беше дисквалификуван и го освои бронзениот медал. На младите каратисти и на нашите претставници Весели и Кузмановски медалте им ги честита лично претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах, заедно со претседателот на Светската карате федерација, Антонио Еспинос. Со овој огромен успех за македонскиот спорт, пред сè за сите македонски олимписки спортови, каратето испиша уште една светла страница како лидер во македонскиот спорт, не само кај сениорите. Карате федерацијата на Македонија потврди дека има систем во кој најуспешните тренери и клубови знаат да работат на врвно ниво со сите возрасти, од најмладите категории па се до сениорските, додаваат од федерацијата. зс/

Тагови

Остани поврзан