• петок, 22 ноември 2024

Два филипински брода оштетени по маневри на кинески пловни објекти

Два филипински брода оштетени по маневри на кинески пловни објекти

Манила, 19 август 2024 (МИА) - Два брода на филипинската крајбрежна стража се оштетени по судир со кинески пловни објекти, кои, според официјална Манила, извршиле „незаконски и агресивни маневри“ во близина на спорниот атол Сабина во Јужното Кинеско Море, соопштија денеска филипинските власти.

Кинеските маневри предизвикале судир кој нанел структурни оштетувања на двата филипински брода, стои во соопштението на филипинските власти за морска безбедност. Од своја страна, Пекинг информира за судир на свој брод со филипински во областа и ги нарече дејствата на филипинската крајбрежна стража „провокативни“.

Портпаролот на филипинскиот Совет за безбедност, Џонатан Малаја, изјави дека акциите на Филипините за зацврстување на своите права во Јужното Кинеско Море не се провокативни. ссм/

фото: архива/илустрација

Остани поврзан