Два сребрени медали за македонските шаховски надежи на Балканијадата во Цетиње
- Две сребрени одличја освоија македонските надежи на Балканското првенство за деца и младинци во стандарден шах во црногорскиот град Цетиње.
Цетиње, 6 октомври 2022 (МИА) – Две сребрени одличја освоија македонските надежи на Балканското првенство за деца и младинци во стандарден шах во црногорскиот град Цетиње.
Македонскиот состав броеше 11 учесници, а најдобар резултат остварија Стојан Велкоски, кој го освои сребрениот медал во категоријата до 18 години и Илијана Велева, која, исто така, го освои второто место во категоријата девојчиња до 10 години.
Шанса за нови медали на Балканското првенство македонските натпреварувачи ќе имаат во следните два дена за кога се закажани турнирите во рапид и блиц темпо. ег/ки/