Два полициски хеликоптери го гасат пожарот кај Чучер-Сандево, досега исфрлени преку 70 тони вода
- Два полициски хеликоптери, денеска од утринските часови, интензивно го гасат пожарот кај Чучер-Сандево.
Скопје, 8 јули 2025 (МИА) - Два полициски хеликоптери, денеска од утринските часови, интензивно го гасат пожарот кај Чучер-Сандево.
-Денеска, од самите утрински часови, два хеликоптери од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, Бел 412 и Агуста бел 212 интензивно учествуваат гасење на пожарот кај Чучер- Сандево, соопшти МВР.
Досега, како штп посочуваат од МВР, се исфрлени преку 70 тони вода. дма/са/
Фото: МИА архива