Два нови јапонски гранта - за ехо-апарат на Клиниката за ендокринологија и за противпожарно возило во Свети Николе
- Амбасадорката на Јапонија, Сецуко Кавахара, денеска ќе потпише два нови договора за грант во рамките на GGP-програмата за мали грантови за основни човекови потреби и човекова безбедност, во вкупна вредност од 81.956 евра.
Скопје, 3 февруари 2026 (МИА) - Амбасадорката на Јапонија, Сецуко Кавахара, денеска ќе потпише два нови договора за грант во рамките на GGP-програмата за мали грантови за основни човекови потреби и човекова безбедност, во вкупна вредност од 81.956 евра.
Како што информира Амбасадата, на церемонијата ќе бидат потпишани договори за проект за обезбедување ехо-апарат за ЈЗУ Универзитетска клиника за ендокринологија, дијабетес и метаболистички заболувања и за проект за обезбедување теренско противпожарно возило за општина Свети Николе.
Потпишувањето ќе се одржи во просториите на Амбасадата на Јапонија. мч/хс/
фото: МИА архива