• сабота, 21 декември 2024

Два неизвесни натпревара на вториот ден од Струшкиот ракометен турнир

Два неизвесни натпревара на вториот ден од Струшкиот ракометен турнир

Струга, 17 август 2023 (МИА) - Шведскиот прволигаш Ескилстуна Гуиф ја совлада екипата на Струга со минимална разлика од 23 :22 на вториот ден на 51. издание на Струшкиот ракометен турнир.

 

Домаќинот Струга и екипата од Шведска одиграа возбудлив дуел, со многу пресврти. Стружани му пружија отпор на седмопласираниот тим од ланскиот ракометен шампионат во Шведска, но сепак на крај славеше поискусниот. Одиграа добар и квалитетен натпревар, 11:11 на полувреме. Во вториот дел рамноправни играчите на Струга, првпат поведоа во 40-тата минута со 18:16, а потоа следуваше серија од 4:0, која беше клучна за враќањето на Ескилстуна Гуиф.

 

Во првиот натпревар од Струшкиот ракометен турнир грчкиот шампион АЕК ја совлада екипата на Динамо Панчево со 26:25 (14:11)

 

Во тврд и неизвесен двобој во последните секунди од мечот Грците славеа минимално.

 

Српскиот претставник иако не започна најдобро во воведните десетина минути не успеа да постигне гол и на пауза замина со три гола негатива. Во вториот дел се консолидира и на четири минути до крајот имаа предност од 25:23 и напад за победа. Во последните моменти од натпреварот направија грешка во нападот и Хрватот Стипе Мандалиниќ од контранапад постигна гол за победа на АЕК.

 

Така Грците во утрешната средба со Алкалоид ќе решаваат, кој ќе игра во саботното финале. На македонскиот тим доволно му е реми поради подобрата гол-разлика за да игра за трофејот.

 

Победникот од натпреварот меѓу поранешниот македонски шампион Вардар и шведскиот Ескилстуна Гуиф ќе го дадат вториот патник за саботното финале.

 

Во борба за петтото место в сабота ќе се сретнат Динамо Панчево и Домаќинот Струга. сс/зс/

Остани поврзан