• сабота, 16 ноември 2024

Два натпревари за 49 часа за Гвардиола и „граѓаните“

Два натпревари за 49 часа за Гвардиола и „граѓаните“

Манчестер, 5 септември 2024 (МИА) - До крајот на месецот дел од англиските селекции ги очекува доста напорна програма, бидејќи на почетокот ќе има средби на репрезентациите.

Манчестер Јунајтед ќе одигра 7 натпревари за 22 дена, но работите не изгледаат розово ниту за градскиот ривал Сити.

Граѓаните, исто така, имаат густ распоред бидејќи нивниот натпревар од 3. коло во Лига Купот против Ватфорд требаше да се одигра во вторник на 24 септември.

Ова е само 49 часа по крајот на нивниот претходен натпревар во Премиер лигата на 22 септември против Арсенал.

Натпреварот од Карабао купот не може да се одржи во среда, бидејќи Манчестер Јунајтед истиот ден, на 25 септември, има натпревар од Лигата на Европа против Твенте, а локалната полиција не може да обезбеди безбедност на два натпревари во ист ден.

Тоа значи дека Пеп Гвардиола сигурно ќе пушти голем број младинци на клубот, но и играчи кои од една или друга причина не учествувале во пресметката со „топџиите“. дс

Фото: Архива

Остани поврзан