• понеделник, 23 декември 2024

Двајца тенисери се повлекоа од Олимпијадата во Париз

Двајца тенисери се повлекоа од Олимпијадата во Париз

Париз, 28 јули 2024 (МИА) - Британскиот тенисер Камерон Нори се повлече од Олимписките игри во Париз, објави Британскиот олимписки комитет на социјалните мрежи. 

Не е соопштено причинита поради која спортистот одбил да се натпреварува.

Претходно од турнирот во сингл се повлече и австралискиот тенисер Алекс де Минаур.

Олимпискиот тениски турнир во тенис ќе продолжи до 4 август. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан