• петок, 05 декември 2025

Двајца странци приведени на Табановце – еден со марихуана, друг со фалсификувана дозвола

Двајца странци приведени на Табановце – еден со марихуана, друг со фалсификувана дозвола

Скопје, 31 јули 2025 (МИА) - Полициските служби на граничниот премин „Табановце“ вчера (30 јули) во два одделни случаи привеле двајца странски државјани при обид за влез во државава, информира Министерството за внатрешни работи.

Првиот случај е регистриран околу 09:30 часот, кога полскиот државјанин Х.О. (22) со патничко возило „Рено меган“ со полски регистарски ознаки се обидел да влезе во државава. При дополнителна контрола, полициските службеници пронашле пластична тегла со опојна дрога – марихуана и една дробилка. Пронајдената дрога е одземена со потврда, а лицето е приведено и предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

Во вториот случај, околу 17:25 часот, српскиот државјанин В.А. (39) се обидел да влезе во државата со мопед „Aprilia RSV4“ со швајцарски регистарски ознаки. При контролата, тој приложил швајцарска возачка дозвола на негово име, за која по проверка со претставници на агенцијата „Фронтекс“ било утврдено дека е целосен фалсификат.

По консултација со надлежен јавен обвинител, лицето е лишено од слобода поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ – по член 378 став 1 од  Кривичниот законик, и предадено на СВР Куманово за понатамошна постапка. дма/са/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан