• вторник, 01 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Двајца пилоти загинаа во хеликоптерска несреќа во Турција

Двајца пилоти загинаа во хеликоптерска несреќа во Турција

Истанбул, 4 февруари 2024 (МИА) - Двајца пилоти загинаа во пад на полициски хеликоптер во југоисточна Турција, а едно лице е повредено при уривање на полициски хеликоптер во јужна Турција, објави денеска министерот за внатрешни работи Али Јерликаја на „Х“.

Хеликоптерот полетал од аеродромот во Хатај и бил на пат кон аеродромот Газиантеп - и двата лоцирани во јужна Турција, но контактот бил изгубен доцна вчеравечер.

Причината за несреќата сè уште не е јасна. мс/

Остани поврзан