• сабота, 23 ноември 2024

Двајца македонски спортисти денеска на Европските игри

Двајца македонски спортисти денеска на Европските игри

Краков, 29 јуни 2023 (МИА) – Двајца македонски спортисти ќе настапат на денешната програма на Европските игри кои од 22 јуни до 2 јули се одржуваат во Полска.

Според програмата, Димитар Пејчиновски претпладнево го очекува премиерниот настап во текбол, а противник ќе му биде Кестутис Балчиунас од Литванија, по што следува дуелот со Адриан Душчак од Полска.

На патеката во Колна ќе се појави и Ангел Петрушев во дисциплината кајак слалом.

На Европските игри кои се одржуваат Краков и уште 12 полски градови настапуваат 17 македонски спортисти, а првиот кој се закити со медал е таеквондистот Дејан Георгиевски, кој во понеделникот освои сребро во категоријата над 87 килограми. ег/вј/

 Фото: МОК

Остани поврзан