• петок, 05 декември 2025

Двајца македонски државјани се приведени со непријавени пари на аеродромот во Тирана

Двајца македонски државјани се приведени со непријавени пари на аеродромот во Тирана

Тирана, 9 октомври 2025 (МИА) - Двајца македонски државјани се приведени на меѓународниот аеродром во Тирана, кај кои биле откриени евра и денари, кои не ги пријавиле.

Од македонските државјани, кои требало да патуваат за Норвешка, биле откриени и запленети  22.805 евра, 2.600 македонски денари.

Според полициското соопштение кај  лицето А.Ј. (33) биле пронајдени 11.800 евра и 2.600 македонски денари, додека кај  Б.И. (43) 11.005 евра, кои не ги пријавиле.

Процедуралните материјали се предадени до Обвинителството во Тирана за понатамошно постапување. вт/дма/


Фото: МИА

Остани поврзан