• сабота, 17 август 2024

Двајца лекари и „кралицата на кетаминот“ меѓу обвинетите за предозирање на холивудскиот актер Метју Пери

Двајца лекари и „кралицата на кетаминот“ меѓу обвинетите за предозирање на холивудскиот актер Метју Пери

Вашингтон, 16 август 2024 (МИА) - Пет лица, вклучувајќи личен асистент и двајца доктори, се обвинети во врска со смртта на Метју Пери во како што обвинителите опишаа, „широка подземна криминална мрежа“ да ја обезбедуваат ѕвездата од популарниот ТВ серијал „Пријатели“ да прима силен хируршки анестетик, што е причината за неговата смрт.

Докторите ја искористиле историјата на зависност на Пери во последните месеци од неговиот живот минатата година за да му обезбедат кетамин во количини кои знаеле дека се опасни и за нивна лична парична корист, изјави синоќа американскиот обвинител Мартин Естрада објавувајќи ги тужбите.

-Знаеле дека она што го прават е погрешно. Знаеле дека она што го прават е голем ризик за господинот Пери. Но, сепак го направиле тоа, рече Естрада.

Еден доктор дури напишал во порака, „Се прашувам колку ќе плати овој морон“ и „Да видиме,“ се дознава од обвинителниот акт откриен во четвртокот.

Кога актерот починал, еден од лекарите напишал „избриши ги сите пораки“. Иако избришани, експертизата успеала да ги најде овие пораки на серверите на провајдерите.

Пери почина лани во октомври поради предозирање со кетамин и обвинителите рекоа дека неговиот личен асистент му донел неколку инјекции на денот кога починал.

Асистентот Кенет Ивамаса, кој го пронашол Пери мртов подоцна тој ден, е првиот што разговарал со истражителите. Останатите обвинети се докторите Салвадор Пласенција и Марк Чавез, како и познаникот на Пери, Ерик Флеминг и Џасвин Санга, позната во Холивид како „кралица на кетаминот“. кб/

фото:МИА архива

Остани поврзан