• четврток, 03 октомври 2024

Двајца загинати и над сто повредени во тајфунот „Кратон“ во Тајван

Двајца загинати и над сто повредени во тајфунот „Кратон“ во Тајван

Тајпеј, 3 октомври 2024 (МИА) - Моќниот тајфун „Кратон“ го погоди Тајван, при што загинаа две лица, а повеќе од 100 се повредени, објавија денеска локалните медиуми.

Тајфунот донесе силен ветер и дожд, принудувајќи ги властите да ги затворат училиштата и канцелариите во сите градови и окрузи втор ден по ред, објави веб-страницата „Фокус Тајван“.

Две лица загинаа, а 102 се повредени, додека две се водат за исчезнати, изјави тајвански официјален претставник.

-Поради силните ветрови и дождови, 58.109 домаќинства привремено останаа без струја, снабдувањето подоцна беше обновено, но 3.490 домови се уште се без струја, соопшти Министерството за економија.

Операторот на тајванскиот меѓународен аеродром Таојуан соопшти дека досега се откажани повеќе од 200 летови.

Приватните бизниси, вклучително и тајванската берза, останаа затворени.

Во некои делови на Тајван се забележани и свлечишта, што го нарушуваат сообраќајот и ги блокираат патиштата. мс/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан