Двајца загинати во торнадо во Тексас и Оклахома, 250.000 домови без струја
- Најмалку две лица загинаа, а голем број се повредени во торнадото што ги погоди американските сојузни држави Тексас и Оклахома.
Вашингтон, 26 мај 2024 (МИА) - Најмалку две лица загинаа, а голем број се повредени во торнадото што ги погоди американските сојузни држави Тексас и Оклахома.
Торнадото предизвика штети на автопатот што ги поврзува двете држави, како и на домови и далноводи во бројни градови во Тексас, Оклахома и Арканзас, оставајќи 250.000 домаќинства без струја.
„Торнадо го погоди округот Дентон во саботата вечерта, а нема извештаи за повредени“, соопштија локалните власти. паг/
Фото: ЕПА