• недела, 07 јули 2024

Двајца загинати во тешка сообраќајна несреќа во близина на Загреб

Двајца загинати во тешка сообраќајна несреќа во близина на Загреб
Загреб, 9 септември 2020 (МИА) - Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска по 16 часот кај одмориштето Јежево на автопатот А3, соопшти загрепската полиција. Во несреќата учествувале три товарни возила и два патнички автомобили, а по несреќата голем пожар ги зафатил камионите, при што се слушнале помали детонации и се кренал облак од густ црн чад. Хрватски Индекс, повикувајќи се на пожарникарите на терен, јави дека во едниот камион имало буриња со засега непозната супстанца и веројатно оттаму се детеноациите. Вториот камион превезувал хартија, а третиот е шлепер со арматури. Сообраќајот во двата правци на автопатот А3 е прекинат, а Хрватскиот авто-клуб предупредува дека колоните на возила во двата правци се долги околу два километри. Сè уште не е познато како се случила несреќата, а полицијата наведува дека истрагата ќе се спроведе веднаш штом ќе се исполнат условите. ссм/

Остани поврзан