• сабота, 21 декември 2024

Двајца голмани на Спортинг се повредија во ист ден на тренинг

Двајца голмани на Спортинг се повредија во ист ден на тренинг

 

Лисабон, 12 септември 2024 (МИА) – Португалскиот фудбалски прволигаш Боависта остана без двајца голмани кои се здобија со сериозни повреди на коленото на денешниот тренинг.

Жоао Гонкалвеш (23) и Луис Пирес 19) се здобија со сериозни повреди на коленото, за кои е потребна операција и долго закрепнување.

Двајцата голмани, како што соопшти Спортинг, ги повредија предните вкрстени лигаменти.

„Голманите ќе бидат оперирани во следните неколку денови и се очекува долг период на закрепнување за двајцата играчи“, соопштија од клубот.

Гонкалвеш е првиот голман на клубот, кој ги одигра сите 34 првенствени натпревари минатата сезона, и првите четири натпревари од новата сезона. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан