• сабота, 23 ноември 2024

Двајца Британци и еден Мароканец подготвуваат жалба на судската одлука на ДНР

Двајца Британци и еден Мароканец подготвуваат жалба на судската одлука на ДНР
Киев, 23 јуни 2022 (МИА) - Двајца Британци и еден Мароканец, кои беа заробени додека се бореле на страната на Украина и се осудени на смрт пред судот на самопрогласената Народна Република Доњецк (ДНР), се подготвуваат да поднесат жалба, изјави денеска еден од нивните адвокати. Судот на ДНР ги прогласи за виновни Британците,Ејден Аслин и Шон Пинер и Мароканецот, Брахим Садун за „платеничка активност и дејствија со цел да ја преземат власта и да го соборат уставниот поредок на ДНР“. Британските власти претходно објавија дека нејзините граѓани биле редовни војници и дека според Женевската конвенција, тие треба да бидат изземени од кривично гонење за учество во воени дејствија. ми/

Остани поврзан