• понеделник, 23 декември 2024

Двајца битолчани осомничени за крадењето бакарни цевки во струшкиот Завод за нефрологија

Двајца битолчани осомничени за крадењето бакарни цевки во струшкиот Завод за нефрологија
Струга, 20 јули 2022 (МИА) - Двајца битолчани се осомничени за крадењето бакарни цевки од централниот довод за медицински гас во Специјалната болница за нефрологија во мај годинава, соопшти денеска СВР - Охрид. Одделението за внатрешни работи - Струга поднело кривична пријава против Ѓ.В. (29) и Б.В. (23), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „тешка кражба“. Осомничените, како што соопшти СВР - Охрид, во три наврати насилно сечеле бакарни цевки во „струшката дијализа“. - Тие, во периодот од март до мај оваа година, во кругот на ЈЗУ„Специјална болница за нефрологија“, лоцирана на улицата „Партизанска“ во Струга, со употреба на остар алат, насилно пресекле и одзеле повеќе бакарни цевки, информира портпаролот на СВР – Охрид, Стефан Димоски. Пријавените, според информацијата на СВР - Охрид, на 30 мај оваа година, ја пресекле цевката на централниот довод за медицински гас до операционата сала во зградата, при што предизвикале дефект на системот за кислород. сс/сп/

Остани поврзан