Двајца американски војници убиени во напад на Исламска Држава
- Двајца американски војници и еден цивилен преведувач загинаа денеска во напад на групацијата „Исламска држава“ (ИД) во Сирија, соопшти Министерството за војна на САД.
Дамаск, 13 декември 2025 (МИА) - Двајца американски војници и еден цивилен преведувач загинаа денеска во напад на групацијата „Исламска држава“ (ИД) во Сирија, соопшти Министерството за војна на САД.
Портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, додаде дека во нападот биле ранети и три лица, а напаѓачот бил застрелан на местото на инцидентот.
Парнел прецизираше дека нападот бил извршен во градот Палмира, во пустинскиот регион во централната сириска провинција Хомс. Американската војска во таа област спроведувала антитерористичка операција.
Античкиот град Палмира, кој е дел од светското наследство на УНЕСКО, беше под контрола на терористичката „Исламска држава“ за време на „калифатот“ прогласен од терористичката организација, откако таа презеде делови од Сирија и соседниот Ирак. Иако џихадистичката групација ги загуби тие територии, таа продолжува да извршува напади во Сириската пустина и во други региони. ссм/
фото: архива