• понеделник, 25 ноември 2024

Дванаесетти протест „Србија против насилството“ во Белград долж „медиумска рута“ и РТС

Дванаесетти протест „Србија против насилството“ во Белград долж „медиумска рута“ и РТС

Белград, 22 јули 2023 (МИА) – Дванаесетиот протест Србија против насилството, покрај Белград денескс се одржа и во Краљево, како и претходните денови во Ниш, Шабац, Крагуевац, со блокада на сообраќајот, јави дописникот на МИА од Белград.

Протестот во Белград, почна од платотото пред Народното собрание, од каде граѓаните со блокада на собраќајот по централните белградски улици, се шетаа по „медиумска рута“  долж улицата Дечанска помеѓу РЕМ (Регулаторно тело за електронски медиуми) и Вечерни новости, преку Македонска улица крај Политика и Радио Белград, па се до улицата Светогорска и Таковска до Јавниот сервис РТС.
Акцент на единаесетиот протест Србија против насилството беше ставен на состојбите во медиумите и РТС.

-Зошто одиме вечерва во РТС? Бидејќи РТС е јавен сервис за кој плаќаме сите, бараме да се однесуваат одговорно и да ги почитуваат законите. Бараме од нив да си ја завршат работата затоа што ние ги плаќаме за тоа. Ако наше право е да знаеме се, како што вели јавниот сервис, за митингот на СНС и протестите во Франција, зошто не е наше право да знаеме сè за протестите против насилството, и насилството воопшто што овде стана нормално? РТС не само што молчи, туку е соучесник во ова. Зошто не е наше право да знаеме се за аферата Јованица и судењето на Колувија, зошто не знаеме дека се прогонувани полицајци кои си ја вршат работата и како се штитат криминалците, праша водителот на протестот Смиљан Бањац.

Барањата на протестите Србија против насилството се: смена на Советот на РЕМ (Регулаторно тело за електронски медиуми), затворање на печатени медиуми и таблоиди кои објавуваат лажни вести, невистини и континуирано го кршат новинарскиот код, одземање на националните фреквенции од телевизиите кои ги залудуваат граѓаните, трујат и промовираат насилство, како што се Пинк и ТВ Хепи, оставка на министерот на полицијата Братислав Гашиќ и шефот на безбедоносната агеција Александар Вулин, итно укинување на програмите кои промовираат насилство, неморал и агресија на телевизиите со национална фреквенција, како што се реалните шоуа. 

Проевропската опозиција технички ги организира овие граѓански протести кои започнаа по масовните убиства во белградското училиште „Владислав Рибникар“ и селата Дубона и Мало Орашје во општините Младеновац и Смедерево.

Проевропската опзицијата која во собранието ги застапува барањата од протестите, во повеќе наврати постави и политички барања, како што се одржување на изборите за град Белград, додека десничарскта опозиција која исто ги подржува протестите бара одржување на вонредни парламентарни избори.
об/    

 

Остани поврзан