• вторник, 19 ноември 2024

Дваесет лица загинаа во напад на бунтовниците во Бурунди

Дваесет лица загинаа во напад на бунтовниците во Бурунди

Најроби, 23 декември 2023 (МИА) - Дваесет лица, од кои 19 цивили, загинаа во западниот дел на Бурунди во напад на бунтовничката група РЕД-Табара, соопшти денеска Владата.

Бунтовниците објавија дека убиле десет припадници на безбедносните сили на Бурунди.

Нападот се случи во петокот вечерта во градот Вугизо, на границата со Демократска Република Конго, каде што е позадинската база на движењето РЕД-Табара (Отпор за владеење на правото во Бурунди). Таа вооружена група се бори против владата во Бурунди предводена од Еварист Нџаишими.

Групата РЕД-Табара соопшти дека нејзините борци со седиште во Бурунди го нападнале граничниот пункт Вугизо и убиле девет војници и еден полицаец.

Владата оцени дека се работи за „кукавички напад“, намерно таргетирање цивили. Таа додаде дека меѓу 20-те убиени има 12 деца и три жени, од кои две бремени.

Меѓу петтемина убиени е и еден од полицајците кои интервенирале за да ги спасат цивилите.

Деветмина повредени се во болница, додаваат од Владата.

Тоа е втор напад на бунтовниците за помалку од две недели. Бунтовниците не беа активни од нападот во септември 2021 година. Тогаш на мета беше и аеродромот на главниот град Буџумбура.

Создадена во 2011 година и се проценува дека има меѓу 500 и 800 луѓе, групата РЕД-Табара е обвинета дека е одговорна за повеќето смртоносни напади и заседи во Бурунди од 2015 година. паг/

Фото: Википедија


  

 

Остани поврзан