• петок, 22 ноември 2024

Дајмлер сака да ја продаде фабриката во Франција, го реформира производството

Дајмлер сака да ја продаде фабриката во Франција, го реформира производството
Фаркфурт, 3 јули 2020 (МИА) - Дајмлер ќе се обиде да ја продаде својата фабрика во Амбак, Франција, како дел од планот за преструктуирање на својот производствен систем, објави денеска германскиот производител на автомобили. Германскиот автомобилски гигант се реши на ваков потег затоа што автомобилската индустрија се соочува со прекумерни капацитети и пад на побарувачката за нови автомобили во Европа. Трошоците за преструктуирање ќе бидат со троцифрена сума во евра, соопшти компанијата. Дајмлер, кој е сопственик на брендовите „Мерцедес-Бенц“ и „Смарт“, ја користи фабриката во Амбак за производство на своите двоседи Смарт возила со електрични и мотори на внатрешно согорување, чие производство во 2017 година достигна повеќе од 80.000 единици. Производството на „Смарт“ ќе се пресели од Франција во Кина, бидејќи Дајмлер минатата година најави нова генерација на паметни електрични автомобили, што ќе ги направи во заедничка компанија со кинескиот Гили. јт/

Остани поврзан