• вторник, 05 ноември 2024

Даштевски: ДИК може да функционира и со шест члена, одлуките ќе бидат легитимни

Даштевски: ДИК може да функционира и со шест члена, одлуките ќе бидат легитимни

Скопје, 6 февруари 2024 (МИА) - Државната изборна комисија може да функционира со шест члена, тоа е согласно Деловникот, изјави денеска претседателот на ДИК Александар Даштевски, одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Меморандумот за соработка со МИА.

-ДИК може да функционира со шест членови бидејќи е потребно мнозинство од гласовите во ДИК, и според Деловникот можеме да функционираме и со шест членови сосема солидно. Секако би ни било од полза доколку се избере седмиот член и тоа го оставам на надлежните органи, односно на Собранието на Република Македонија. Не можеме во тоа да се мешаме, рече тој.

Прашан дали се консултирале со претседателот на Собранието за избор на членот за комлетирање на ДИК, вели дека тоа е регулирано во Изборниот законик.

- Си има закон и според закон треба да се постапува, така што ние нема што да кажуваме. Ако ние се замешаме тоа значи дека не постапуваме според законот, бидејќи не е наша работа ние да кажуваме што треба да направат. А од друга страна, би ни било од корист доколку дојде, а доколку не дојде, повторно се што треба ќе биде спроведено на највисоко ниво, рече Даштевски, повторувајќи дека одлуките што ќе ги носи ДИК до спроведување на изборниот процес ќе бидат легитимни и со шест члена.

Во однос на тоа дали до ДИК се поднесени кандидатури за претседател на државата, Даштевски рече дека прво треба да се распишат изборите по што почнуваат да течат сите рокови. нд/бак/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан