• понеделник, 23 декември 2024

Тринаесет лица загинаа при уривањето настрешница на железничката станица во Нови Сад, три лица во болница

Тринаесет лица загинаа при уривањето настрешница на железничката станица во Нови Сад, три лица во болница

Белград, 1 ноември 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ за РТС изјави дека според најновите информации - 13 луѓе загинале откако се урна напладне бетонска настрешница на железничката станица во Нови Сад.

Тројца повредени се префрлени во Клиничкиот центар и се во сериозна состојба.

Тој додаде дека две жени биле извлечени од урнатините и дека спасувачката операција била исклучително тешка.

„Се работи за многу тешка и масивна конструкција, што е многу тешко да се подигне и да се стигне до повредените“, изјави Дачиќ.

Министерот додаде дека се стравува дека има повеќе жртви. Меѓу загинатите е и дете на возраст од шест години. паг/

Фото: ЕПА

Остани поврзан