• петок, 04 октомври 2024

Дац и Александар Митевски во посета на македонскиот КИЦ во Софија

Дац и Александар Митевски во посета на македонскиот КИЦ во Софија
Софија, 21 февруари 2021 (МИА) - Музичките ѕвезди Драган Спасов - Дац и Александар Митевски, придружувани од хармоникашот Војче Петрушев, минатата недела го посетија и Културно-информативниот центар (КИЦ) на Република Северна Македонија во Софија. Како што информира КИЦ, тие се запознале со работата и активностите на Центарот, му го подариле нивното ЦД „Лубовен пасош“ и најавиле следни видувања во месеците што следат. - По огромниот успех што го доживееаја во Бугарија со каверот „Корона чао“ и обработката на бугарскиот шлагер „Целувката на Ана“, Дац и Александар се многу канети артисти за настапи по медиумите, концерти во живо и друг вид соработка со бугарските колеги, се додава во информацијата на Културно-информативниот центар (КИЦ). сп/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан