• понеделник, 23 декември 2024

Дарманин: Искрено жалам за несразмерната употреба на солзавец во Лигата на шампиони

Дарманин: Искрено жалам за несразмерната употреба на солзавец во Лигата на шампиони

Париз, 1 јуни 2022 (МИА) - Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин денеска изрази жалење поради „несразмерната“ употреба на солзавец против навивачите пред стадионот во финалето на Лигата на шампионите во фудбал, меѓу Ливерпул и Реал Мадрид.

„Искрено ми е жал за таа непропорционална употреба и ќе бидат преземени санкции против вклучените полицајци, изјави Дарманин пред комисијата на Сенатот.

Тој нагласи дека употребата на солзавец спречила судири на толпата, но призна дека биле повредени луѓе, вклучително и деца. паг/

Остани поврзан