• понеделник, 23 декември 2024

Данскиот принц Јоаким изрази незадоволство од одземањето на титулите на неговите деца

Данскиот принц Јоаким изрази незадоволство од одземањето на титулите на неговите деца

Копенхаген, 30 септември 2022 (МИА) - Данскиот принц Јоаким проговори по одлуката на неговата мајка, кралицата Маргарета Втора, да ги лиши своите деца од кралски титули.

- Јас имав пет дена... Добив известување - да им кажам на моите деца дека ќе им биде одземен идентитетот на Нова година. Многу сум тажен бидејќи гледам колку се вознемирени и не разбираат што им се случува, изјави принцот за данските медиуми. [caption id="attachment_1779551" align="aligncenter" width="765"]Кралицата Маргарета Втора Кралицата Маргарета Втора[/caption] Тој нагласи дека сите се многу тажни. - Никако не е забавно да гледаш како твоите деца ги третираат лошо. Тие се во ситуација што не ја разбираат. Во мај ми беше претставен план што во основа најавуваше дека децата ќе ја изгубат титулата кога ќе наполнат 25 години. Атена во јануари ќе наполни 11 години, додаде тој. Прашан - како оваа одлука влијаела на меѓусебниот однос со неговата мајка, кралицата, принцот накратко рече дека не треба подробно да го објаснува тоа. [caption id="attachment_1779554" align="aligncenter" width="920"]Принцот Јоаким Принцот Јоаким[/caption] Во меморандум објавен во средата, данската кралска палата објави дека Николај, Феликс, Хенрик и Атена ќе го загубат именувањето принц / принцеза и титулите „Неговото / Нејзиното височество“ почнувајќи од 1 јануари 2023 година. Наместо тоа, браќата и сестрите ќе бидат познати како Неговата екселенција, гроф Монпезат или Нејзината екселенција, грофица од Монпезат. „Со нејзината одлука, Нејзиното височество, кралицата сака да создаде рамка за четирите внуци да можат да ги обликуваат сопствените животи во многу поголема мера, без да бидат ограничени од посебните размислувања и должности кои им се наложуваат со формалната припадност на Кралската куќа на Данска“, се наведува во соопштението. Данската палата исто така истакна дека „одлуката на кралицата е во согласност со слични прилагодувања што другите кралски куќи ги направиле на разни начини последниве години“, како на пр. Шведска пред три години.  си/сд/

Остани поврзан