• понеделник, 23 декември 2024

Даниел Крејг како момче крадел храна од продавница

Даниел Крејг како момче крадел храна од продавница

Лос Анџелес, 3 март 2023 (МИА) - Даниел Крејг како помлад бил принуден да краде храна од супермаркети за да преживее - пред да стане славен. Британскиот глумец, можеби најпознат по петте последни „Џејмс Бонд“ филмови, во интервју за „Ролинг стоун“ проговори за тешките мигови од младоста...

- Украдов патка, а девојка ми ја стави под кошулата, преправајќи се дека е бремена, рече тој, додавајќи дека „тоа и не е толку лошо“, оти супермаркетите можe да си дозволат „да изгубат“ една или две патки.

„Инаку, крадев само од попознатите супермаркети што можеа да си го дозволат тоа. Сакам да го разјаснам ова. Но, да му се сневиди, знаете - немавме што да јадеме, а моравме да се храниме“, додаде тој.

Инаку, глумецот го напуштил училиштето на 16-годишна возраст и се преселил во Лондон за да се занимава со глума. Бил примен во Националниот младински театар, а по некое време почнал да добива и мали ТВ-улоги. Меѓутоа, и тогаш не заработувал доволно за да си дозволи „полуксузни“ оброци. Понекогаш избегнувал и да го плати наемот.

- Она малку што би го заработил, ќе го потрошев на пиво и чаден лосос, а за вечера најчесто јадев е**но пилешко или говедска чорба, раскажува Крејг (55).

Деновиве тoj e актуелен со трилер-мистеријата „Стаклен кромид“ (Glass Onion).  си/сд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан